Дома > Инфо Вести > Македонија > Македонија ги доби ривалите во Лигата на нациите – еве со кого ќе игра!

Македонија ги доби ривалите во Лигата на нациите – еве со кого ќе игра!

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби ривалите во новото издание на Лигата на нациите 2026/27, во кое нашиот национален тим ќе игра во Б-сегментот.

За првпат во историјата фудбалскиот тим ќе игра во овој ранг, а на ждрепката која се одржа во Брисел се најде во четвртиот шешир. Таа за ривали ни ги донесе селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија.

  • ЛИГА Б:

Б1: Шкотска, Швајцарија, Словенија, Македонија
Б2: Унгарија, Украина, Грузија, Северна Ирска
Б3: Израел, Австрија, Ирска, Косово
Б4: Полска, БиХ, Романија, Шведска

Новото издание на Лигата на нациите ќе се игра од 24 септември до 17 ноември.