Дома > Инфо Вести > Општини > Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото на приватните имоти

Општина Виница ги повикува граѓаните да го одржуваат зеленилото на приватните имоти

МИА) – Општина Виница ги известува граѓаните дека во согласност со Законот за урбаното зеленило сопствениците и корисниците на приватни имоти се должни да го одржуваат зеленилото во своите дворови.

– Дрвјата чии гранки навлегуваат на јавни површини (улици, тротоари и сл.) мора да бидат соодветно искастрени со цел обезбедување безбедно и непречено движење. Рокот за постапување е 90 дена од денот на објавувањето на ова известување – се нагласува во денешното соопштение од Општината.

Локалната самоуправа на Општина Виница апелира до граѓаните навремено да ја исполнат оваа обврска. Во спротивно, ќе се постапува во согласност со законските прописи и надлежностите на општинските инспекциски служби.